ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против И.Л.(39) и Б.С.(36) двајцата од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „комар“.
На 22.02.2023 во Прилеп, на ул.„Борка Левата“, при извршен претрес во објект сопственост на второпријавениот Б.С., кој го користел првопријавениот И.Л., без склучен договор за користење под наем, биле затекнати девет лица, од кои три играле игри на среќа без издадена дозвола.