Kpивична за потkyпyвaчот од Шутка, следува и за во Прилеп?

Единица за економски и компјутерски kpиминал во МВР вчера постапи по допрен глас односно по објавите на повеќе интернет портали, каде е пласиран видео клип со наслов ,,Организиран потkyп на гласачи од структури на МВР и пратеници од СДСМ” при што од страна на СВР СКОПЈЕ ЕЕКК во содејство со полициски службеници од Одделот за Внатрешна контрола и професионални стандарди превземени се мерки и активности при што е известен надлежен ЈО и идентификувано е лицето кое што се наоѓа на видео клипот, пренесува Инфомакс.

Полициjaта утврдила дека се работи за Ш. С. со живеалиште во О.Шуто Оризари, вработен во Оделението за управни служби во МВР кој што на подрачјето на Општина Шуто Оризари во непосредна близина на Општината врши одредена активност со група граѓани од ромска националност. Во просториите на ЕЕКК извршен е разговор со истиот и превземено е истражно дејствие Претрес на дом заради пронаоѓање докази предмет на kpивично дело од чл.162 ,,Поткуп при избори и гласање”.

Од страна на друго лице кое што исто така е на видеото, приложен е список од околу 20 лица со име презиме, матичен број, адреса и телефонски броеви рачно пишувани на обични листови од школски тетратки.

Неофицијално, полицискиот службеник дал известување дека пред да биде вработен во МВР бил активист на НВО Амбрела која што во рамките на владата имала проект за донации на граѓани од ромска припадност кои што се од загрозена група граѓани и за таа цел наводно правел список за да биде дадена донација.

Во врска со овој случај, полицијата продолжува да презема активности и мерки, а по документирање на наводите и доказите до Обвинителството ќе биде поднесен соодветен поднесок.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.