Kpивична за граничарка која пуштала Грци за мито без да ги евидентира

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против С.А., полициска службеничка во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“.

Како што информираат денеска од МВР, пријавената околу пладне на 21 декември побарала и примила поткуп (пари) за да не изврши службено дејствие кое била должна да го изврши, односно да не ги евидентира оштетените (грчка државјанка и нејзиниот сопатник) во системот на контрола на патници и возила дека оствариле излез од Република Северна Македонија кон Република Грција.

Против С.А. е поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, како и отстранување од работното место




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.