Ново место за нови искуства!!
Неодамна во строгиот центар на Крушево се отвори единствениот Lounge bar во градот, со што Крушево и регионот добија место каде гостите ќе уживаат во оргиналната гастрономска понуда, која е спој на традиционалната крушевска кујна но, збогатена со модерниот стил на готвење. Во еден прекрасен опуштен уникатен ентериер, и беспрекорно професионална услуга.
Како гаранција на ова е љубовта и страста со која сопствениците влегуваат во овој бизнис е дека “ДУОМО Lounge bar” не им е премиера.
Веке добри 20 години ја имаат познатата најдобрата Пицерија “Рома”. Но, “ДУОМО” е една поинаква приказна, за еден поинаков лежерен, спонтан, модерен начин на уживање во добрата храна!
Ве очекуваме и веруваме дека доколку дојдете еднаш, ние ќе ви бидеме секогаш во иднина Ваш прв избор…
Крушево било и ќе биде авангарда во се’, а сега и во кулинарството.