На 23.03.2022 на ул.„Димо Хаџи Димов“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.Ќ.(20) од Прилеп.
Тој бил затекнат при извршување на кражба од двор на куќа на ул.„Димо Хаџи Димов“, сопственост на Д.Т.(46) од Прилеп, при што одзел повеќе предмети.
Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.