Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против М.О.(34) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“.
На 28.12.2018 година во Прилеп, на плоштадот „Методија Андониов Ченто“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле пиротехнички средства.