Kpивична за пpилепчанец: Иcкopиcтил 246.000 ден. од ABPM за caмовpaботyвање, но не иcплатил плати

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив П.К.(32) од Прилеп и правно лице, поради пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „измама при добивање на кpeдит или друга погодност“ – информираат во дневниот билтен на МВР.

– П.К., како невработено лице, во текот на 2017 година поднел апликација за активна мерка по Програмата за самовработување, доставена до Центар за вработување Прилеп и пријава за користење на грант, согласно условите од Програмата.

По одобрување на апликацијата основал фирма и склучил Договор со АВРМ и УНДП по кој искористил средства во висина од 246.000 денари, како директна набавка на опрема и материјали, но спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати.

Фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година е ликвидирана, додека искористените средства не се вратени согласно Договорот, со што се стекнал со противправна имотна корист на штета на Буџетот – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.