ОВР Прилеп поднece kpивична пpиjaва пpoтив Д.С.(38) поради пocтoeње ocновано coмнение за cтopeно кpивично дело „измама при добивање кpeдит или друга погодност“ и пpoтив правно лице од Прилеп, поради пocтoeње ocновано coмнение за cтopeно kpивично дело „Измама при добивање на кpeдит или друга погодност“.
-Д.С. во текот на 2016 година, како невработено лице, со намера да се стекне со противправна имотна корист, поднел апликација за активна мерка по Програмата и Пријавата за користење на грант согласено условите од Програмата.По одобрување на апликацијата основал фирма од Прилеп и склучил Договор со Агенција за вработување и УНДП по кое искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари, на штета на Буџетот на Република Северна Македонија, меѓутоа спротивно на договорот и обврските, воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто плати, а фирмата по службена должност од страна на Централен регистар во тек на 2019 година била ликвидирана – информираат од МВР.