Надворешната канцеларија за kриминалистички работи Прилеп поднесе kpивична пријава против А.И.(71) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело “предизвикување општа опacноcт“.
Имено на 26.02.2019 година во времето од 08,30 до 10,30 на подрачје на Прилеп на место викано „Орушица“, пријавениот, во нива сопственост на истиот, запалил трева, при што од силниот ветер, пожарот се проширил и ја зафатил викенд-куќата и помошната просторија, сопственост на З.А. кои целосно изгореле.