СВР Охрид поднесе kpивична пријава против М.А.(35) од Охрид и Б.Б.(79) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено kpивично дело ,,злoyпотреба на службена положба и овластување“.
Во периодот од 2008 до 2015 година првопријавениот, како управител на фирма од Охрид не ги подмирувал обврските кон фирма од Прилеп. По ова, второпријавениот, како сопственик на фирмата од Охрид, кој, имал долг и кон други доверители, го поттикнал првопријавениот да склучи договор за залог во кој второпријавениот засновал заложно право врз целиот недвижен имот на фирмата од Охрид. Со ова, фирмата од Прилеп не можела да ги намири своите побарувања, додека второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 1.448.021 денари.