Албанскиот сајт „Верију“ објави информација дека косовската полиција ќе изведе „ризична акција“ на северот на Косово во сабота и дека затоа би можеле да бидат организирани нереди
Пратеникот во собранието од редовите на Самоопределување Џелал Свлеча во емисијата КТВ наведе дека се плаши од „ескалација на ситуацијата на Северот“, потсетувајќи на тоа дека полицијата на Косово го прекина годишниот одмор на униформираните припадници, пренесува порталот „Коссев“.
Дека полицијата со оперативен налог го прекинала одморот на припадниците, тврди и порталот „Каллхо“. Тој портал објави документ со содржината на наредбата која на своите подредени им ја испратил директорот на оператива Рашит Ѓиљај.
„Поради оперативен ангажман се суспендираат одобрениета за одмори за униформираниот персонал се до донесување на друга одлука“, се наведува во мејлот кој го упатил Ѓиљај.
Истовремено, белградскиот весник „Курир.рс“ објави дека има сознанија дека косовските Албанци подготвуваат во сабота да ја завземат хидроцентралата Газивода!.
„Косовските Албанци подготвуваат упад на северот на Косово и завземање на акумулацијата Газивода за да оневозможат Србите да добијат било што на Косово. Во текот на денот косовските безбедносни служби ќе организираат состанок со тамошниот врв за да ги договорат деталите за тоа сценарио кое веќе со денови е медиумски подготвувано“.
Извор: “Инфомаск”