На социјалните мрежи се појави видео од двајца Албанци кои “дилаат” српски производи. Тие се наоѓаат надвор од градот, а еден од нив скришно му дава пари на другиот, а потоа го отвараат гепекот на автомобилот.
Видеото прикажува бунт, но и исмејување на одлуките на власта да ги подигне даноците за српските производи.
На видеото се гледа како еден од актерите продава Плазма кекси за огромна сума пари.
Очигледно е дека и тие се навикнати на српските производи и дека тие на овој или оној начин ќе пристигнуваат на Косово, без оглед на мерките за подигање на даноците кои Приштина ги воведе кон Србија.