Иницијативата за независна култура „500 денари рекет“ ќе се претстави со уште еден настан пред прилепската публика, овојпат концерт на скопската група НЕМА ЛАБАВО со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST.
Концертот ќе се одржи на 28 март 2026г во кино салата “Мис Стон” со почеток во 21.00ч.
Влезници ќе можете да набавите непосредно пред почетокот на концертот (на врата) по цена
од 250 денари.
Повелете на концерт и поддржете ја независната културна сцена со вашето присуство.
ПС. листата на иницијатори „500 денари рекет“ е отворена за сите граѓани на Република Македонија и секој од вас може да биде дел од неа…задоволството нема цена.
НЕМА ЛАБАВО е македонски панк рок / инди рок бенд од Скопје. Основач и фронтмен е Ѓоко Зафировски – Шон (Sidewalk 1997, Fragment 2002, Denny Te Chuva 2004, SUNS)
НЕМА ЛАБАВО е замислен како авторски проект на Шон, кој често соработува со различни музичари во снимањето и на концертите.
Членови на НЕМА ЛАБАВО на албумот “Памти па врати” (2024), чија промоција ќе ја уживаме на 28-ми, се:
– Ѓоко Зафировски (вокал, гитара)
– Дени Крстев (тапани, продукција, пратечки вокали)
– Филип Тасевски – Фиц (гитара)
– Мирко Пејковски (бас)
Дискографија:
– “Во чие име зборите” (2015)
– “Проста македонска песна“ (2023)
– “Памти па врати” (2024)
























