Koнцерт на “Чалгија саунд систем” на плоштадот “Aлександрија” во Прилеп

20292764_1428736450540154_7947274758803353556_n

На четврти август со почеток во 21 часот, на камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп, концерт ќе одржи групата  “Чалгија саунд систем”.

Концертот е во организација на Центарот за култура “Maрко Цепенков” и е во рамките на манифестацијата “Прилепско културно лето”.

Создадена во 2008 година групата “Чалгија саунд систем” има за цел да го
одржи чалгискиoт израз проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми,
кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна,
да го земе чалгискиот израз како основа за создавање современа музика, која е
во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува
традицијата.

Уште на самиот нејзин почеток, групата го сврти вниманието на музичките
познавачи и сладокусци на македонската музика, така што веднаш почнаа да се
редат покани и настапи на фестивали и приредби ширум Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.