Koнфекција “КУЛИ” веќе станува Европски бренд

14374649_10209047550537410_107575451_o

Трудот, напорната работа и  квалитетот се секогаш надалеку ценети и препознатливи.

Прилепскиот гигант од текстилната индустрија, конфекција “Кули”, деновиве ги презентира своите производи  на реномираниот и светски  познат саем “Premiere Vision” во Париз.

Саемот во француската престолнина е најпознатиот саем за материјали, кожа, дизајн, помошни материјали и производство, а го привлекува вниманието на повеќе од 60.000 посетители.

14329360_10209047552537460_2021712398_o

Конфекција “Кули” oд Прилеп е еден од присутните 2.000 излагачи на саемот, при што во наредните 3 дена на посетителите на саемот ќе им  понуди врвен квалитет, елеганција и грациозност.

14339841_10209047551977446_2114242160_o

Саемот во Париз се одржува во 6 големи хали, а за прилепската конфекција  значи виза за издигнување во Европски бренд.

14273459_10209047549937395_1674283227_o

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.