Бизнисменот, стопанственик и моментално вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев вработува.
Имено овој човек кој е прогласен за 5-ти најбогат Македонец преку неговата фирма Брако нуди работа за цели 12.200 денари.
Од огласот што е објавен преку Агенцијата за вработување на 26.07.2018 година, Анѓушев бара магационер кој би работел на определено време за минимална плата од 12 илјади денари со полно работно време од 8-16 часот.
Овој човек речиси една година ја убедува целокупната македонска јавност дека економските политки што го спроведува владата на Заев даваат резултати. Ако за Кочо Анѓушев ова што тој го нуди како плата е добар пример за успешна економската политика тогаш што преостанува за другите приватни сопственици.
Тој во многу негови излагања во јавноста и пред медиумите зборуваше за тоа како државата стимулира давање поголема плата и тоа како досега никогаш не било воведено од ниту една претходна влада.
Ова е јасен доказ, но и понижување од страна на Анѓушев кон идните вработени.
Инаку според синдикатот потрошувачката кошничка изнесува за едно четири члено семејство изнесува над 32 илјади денари без да се трошат пари на облека, одмор или други неопоходни работи.
Извор: “Курир”