Koн: “Нема да ни помогнат ни 10 дена тотално затварање”

Новата седница на Kpизниот штаб за бopба против виpycoт кopoна во Србија, најавена за денес, нема да се одржи.

Владата на Србија денес ќе донесе нови мерки, кои беа договорени претходниот ден за време на консултациите со медицинскиот дел на Кризниот штаб за бopба против виpycoт кopoна, дознава Танјуг од Владата на Србија.

Премиерката Ана Брнабиќ вчера се состана со медицинскиот дел од Kpизниот штаб, а претходно најави дека „сигурно ќе има заострување на мерките“.

– Но, ќе видиме што е можно да се направи и што е најпаметно – рече вчера Брнабиќ.

Викенд мерките не се доволни?

Епидемиологот Предраг Кон синоќа рече дека за време на консултациите со медицинскиот дел од Кризниот штаб со премиерката Брнабиќ, останува на ставот дека епидемиолошките мерки мора да се заострат, и за тоа што ќе се реши денес или во наредните денови .

Кон повтори дека мерките воведени за викендот не се доволни за намалување на стапката на инфекциja и дека медицинскиот дел од Кризниот штаб вели дека тие не се доволни и дека се козметички.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.