Koлинда како Дачиќ: Го грабна микрофонот и се распеа на цел глас (ВИДЕО)

Бројни медиуми го пренесоа видеото на кое се гледа како хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ ја пее песната на Томсон “Убава ли си” во Њујорк.

Иако хрватската претседателка се распеала на цел глас, на почетокот имала мал проблем затоа што го немала добро научено текстот од песната, па така нејзиното тврдење дека овој пејач е нејзин омилен, падна во вода.

Поради тоа Колинда морала да се послужи со мобилниот телефон од каде го читала текстот на песната.

Колинда во Њујорк ќе учествува на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.