Koи холивудски ѕвезди и познати личности слават денеска Божиќ (Фото)

Некои го слават поради своите предци, некои поради емотивните партнери, а некои поради љубовта кон православието.

Холивудската актерка Џенифер Анистон православното христијанство го наследила од таткото Џон Анистон, кој исто така се занимава со глума. Тој е роден како Јанис Анастасакис на грчкиот остров Крит.

Џенифер давала добротворни прилози за црквата под покровителство на Вселенскиот патријарх.

Том Хенкс

Актерот Том Хенск е роден во католичко семејство, но подоцна преминал во православие. Причината за преоѓањето е неговата втора сопруга Рита Вилсон, актерка која има бугарско-грчки корени.

– Кога ќе одлучите да се венчате со некого и да имате деца, тогаш мора да одлучите и какво духовно наследство ќе им оставите на децата – рекол Том кој во 1988 година се венчал во истата црква во која е крстена неговата сопруга.

Ким Кардашијан

Американската старлета по потекло е Ерменка. Таа е четвртата генерација на иселеници од Ерменија. Ким Кардашијан минатата година на Твитер на сите им го честита Божиќ на 7 јануари.

„Депеш мод“

Пејачот на легендарната група „Депеш мод“, Дејвид Гахан, ја преземал православната вера од својата сопруга Џенифер Скилаз.

Наоми Кембел

Славниот топ модел Наоми Кембел станала верник на Руската православна црква во текот на врската којашто ја имаше со рускиот тајкун Владислав Дороњин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.