Неофицијално на кандидатската листа за пратеници од 4-та изборна единица, од редовите на СДСМ за престојните парламентарни избори на 11-ти декември, ќе се најдат поранешниот носител на листата и кандидат за градоначалник на Општина Прилеп Хари Локвенец и Кети Смилеска. Ова се смета за големо изненадување на политичката сцена во Прилеп кое треба да ги разбранува страстите кај многу социјалдемократи.