Дека Кожувчанка ДОО е една од лидерите кога станува збор за општествено одговорна компанија, потврдува и новата донација која компанијата ја прави во одделот за Нефpoлогија при Универзитетската клиника за детски болecти.
Кожувчанка ДОО донираше машина за дневно чистење и сушење на подна површина во вредност од 218.300 денари.
“Благодарност до Кожувчанка за донацијата на Клиниката за Нефрологија која доаѓа во услови кога здравствениот систем се соочува со најголемата опасност во современиот свет. Дадената донација ќе помогне да се подигне нивото во заштитата од инфекции во делот каде се третираат најтешките пациенти со бубрежни заболувања” изјави директорката на Клиниката за Нефрологија, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ.