Koга си бил класа еднаш, остануваш цел живот: Вакво голчиште Барса нема примено којзнае од кога (Видео)

Барселона синоќа успеа да стигне до три бода во дуелот против Виљареал на домашен терен со 2:1. После шокот кој каталонците го доживеаа викендот од Гранада, само победа на овој натпревар беше императив за нив.

Стрелци на головите за Барса беа Гризман и Артур, а на спротивната страна прекрасен погодок постигна Санти Казорла.

Искусниот играч за врска, како да беше налутен по прекрасниот погодок на Артур на спротивната страна и од голема далечина упати удар со ефе, кој го изненади дури и еден Тер Штеген, кој оваа сезона брани во одлична форма.

Погледнете го ова ремек дело:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.