Пратеничката на СДСМ Даниела Колева на денешната прес конференција објави дека нејзината партија обезбедила стабилна бизнис клима во Македонија.
,,Освен покачување на платите за работниците во сите сектори, со вистинските економски политики СДСМ создаде услови за развој на економијата и бизнис секторот, подеднакво за домашните и странските компании.
Силната поддршка на компаниите допринесе за раст на инвестициите, намалување на невработеноста и отворање на нови и добро платени работни места.
Затоа денес имаме 8% намалување на невработеноста и 9,5% зголемување на вработеноста во државата.
Минатата 2022 година СДСМ обезбеди највисока финансиска поддршка и тоа за најголем број компании во изминативе пет години.
Поддржани се 410 компании со 23 милиони евра, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
Преку овој закон СДСМ обезбеди сет на мерки за финансиска поддршка за капитални инвестиции, поддршка за нови вработувања, поддршка за активности во истражување и развој, поддршка за проекти од значење економски интерес на државата.
Создадовме стабилна бизнис клима каде наместо страв од клуч на врата како во времето на ДПМНЕ, постои взаемна доверба и партнерски однос меѓу Владата и компаниите”, рече Колева на прес конференцијата.
Според неа СДСМ продолжува со економските политики кои значат поддршка за домашните компании, отворање нови и добро платени работни места.