Koга почетник ќе седне зад воланот тоа изгледа вака: Фудбалерот на Атлетико може да игра се’, но да вози никако не смее да му се дозволи (ВИДЕО)

Фудбалерот на Атлетико Мадрид Томас Парти стана предмет на шега по интернетот, откако се појави видео каде тој вози автомобил.

Атлетико Мадрид има нов спонзор, па фудбалерите биле задолжени да ја промовираат новата моќна машина.

Еден по еден седнувале зад воланот и возеле по теренот. Освен еден! Она што го направил фудбалерот од Гана, Томас Парти било се’, освен возење.

Ганецот седнал во автомобилот и со доста мачење тргнал. Веднаш потоа следеле урнебесни потези, а тој завршил во рекламите на стадионот.

Томас Парти на теренот може да игра се’, па дури може да биде и голман, но зад воланот не смее да седне.

Погледнете го ова урнебесно видео:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.