Kopoна ckaндал ја треси Европа! Ди Мајо до СЗО: Одземете им го имунитетот на тие што ги криеле извештаите за состојбата во Италија

Министерот за надворешни работи Луиџи ди Мајо побара од Светската здравствена организација (СЗО) да им го укине дипломатскиот имунитет на оние службеници кои се вмешани во ckaндалот со сокривање на извештаите за состојбата во Италија со пaндемиjaта, пишува агенцијата АГИ.

Ckaндалот стана меѓународен откако беше емитувана емисијата “Рапорт” во која беше потврдено дека високи службеници во СЗО биле директно вклучени во прикривањето на фактите за kaтacтpoфалниот одговор и раководењето на пандемиjaта од страна на италијанските власти.

Во ckaндалот се вмешани и некои високи владини службеници во Италија.

Истовремено, заменик министерот за здравство Пијерпаоло Силери побара генералниот секретар на министерството, Џузепе Руоко, да поднесе оставка поради “бројните отсуства од седниците на научно-техничкиот комитет”.

“Проблемот е во некои административни службеници, кои не ја работат својата работа. Треба да ги испратиме дома што побрзо”, вели заменик министерот во телевизиската емисија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.