Нема чаршиски човек во Прилеп кој не се сеќава на неговите настапи низ прилепските локали, особено оние во поранешна “Апореа”. Беше и остана рапер кој се уште знае да го погоди вистинскиот бит.
Прилепчанецот Боро Бро Блажески има нова песна, насловена како “МВП” и е навистина одлична. Текстот е на Блажески, а снимањето и одличниот звук се погрижи “MR T”.
На вам останува само да ја слушнете и да уживате: