Пелагонискиот убавец Пелистер е магичен во овој период. Раскошен преку годината и грациозен во зима. Викендов снежните патеки на гордиот владетел на Пелагонија беа исполнети со скијачи, рекреативци и вљубеници во чистиот воздух и природа.
Нашиот фотограф во еден кадар улови две убавини, едноставно човек да се запраша кој од кој е поубав во тој момент, дали волшепството на снежниот Пелистер, или девојката која за миг го засени зимскиот пејсаж.
Едно е сигурно, ваква убавина не се гледа секој ден.
Убавината тука е на секаде.
Посетете го Пелистер!
А.Г.