Koj ќареше најмногу од “Пивофест 2018”: Кирил Џајковски рекордер?!

Фото/Еddy Jolen

Изминаа десетина од дена од последното 16-то издание на фестивалот на скара и пивото во Прилеп, “Пивофест 2018”.

Годинешните впечатоци освен за првите луѓе во општината се чини се поразителни за гостите.

Слабата програма, со чесни исклучоци, малиот број на штандови и немањето на новитети, ги разочараа посетителите.

“Фокус” дознава колку изнесувале хонорарите на дел од изведувачите на фестивалската сцена.

Според она што го кажа градоначалникот Илија Јованоски, склучените договори изнесувале 2.418.095,00 денари.

Како што дознава “Фокус” како рекордер со највисок хонорар се шпекулира дека е Кирил Џајковски со 891.222 денари. Хонорарите на дел од останатите музичари кои настапија, се следните: Тони Зен – 154.250 денари, плус персонален данок, Александра Јанева – 43.150 денари, Фортисимо Бенд – 30.850 денари, Некст Тајм – 154.250 денари, Црвена Јабука 370.200 денари, Дарио – 215.950 денари, Бени и Нон Стоп – 184.500 денари.

Не е познато за колкава сума настапувале најскапите изведувачи: Жељко Јоксимовиќ, Шабан Шаулиќ, Милица Тодоровиќ, Либеро Бенд и Ван Гог.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.