Во нервоза поради очекуваниот пораз на престојните локални избори, директорот на прилепската општа болница “Борка Талески” Илија Јованоски и кандидат за градоначалник на СДСМ во Прилеп, ги почестил со партиско небрендирано кафе своите вработени во болницата?!
До нас пристигнаа фотографии на кои се гледа пакување со кафе во кујната на болницата, на кое се наоѓа само името на кандидатот за градоначалник и партискиот симбол на СДСМ.
Се поставува прашањето! Постои ли инспекциска служба што ќе провери кој го произведува ова кафе и колку истото е исправно за конзумирање, со оглед на тоа дека нема истакнато рок на траење или бренд?
Дали токму Јованоски го дели овој производ со цел да ги добие симпатиите на своите вработени?
И дали некој би сносел одговорност доколу некој се затруе?
Ќе се протолкува ли ова како вршење партиски активности за време на работа или како истакнување на партиски симболи во работното место?