Хали Бери и во 52 година од животот изгледа беспрекорно. Популарната глумица на Инстаграм објави фотографија на која го покажа своето секси тело, при што собра повеќе од 300 илјади лајкови.
Исто така, Хали ја откри тајната за својот перфектен изглед. Како што наведува, тајната е во доброто истегнување.
“Фитнесот не е само трчање. За мене, да се биде атлетски граден и во супер форма важно е истегнувањето, дишењето и постигнување мир”, напишала помеѓу останатото Хали и додала дека истегнувањето овозможува долготрајни мускули.
Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.