Koaлицијата на политичките партии ЛДП и ДОМ на овие локални избори настапува самостојно, а за Прилеп го имаат кандидатот за градоначалник Славе Петрески и кандидатската советничка листа предводена од Јане Станкоски.
Во својата програма предвидуваат проекти кои оставаат добар впечаток.
Во областа на спортот од ЛДП и ДОМ велат дека ќе го решат статусот на салата “Македонија” и “Универзалната сала”.
Велат дека ќе ги уредат маалските игралишта за баскет и мал фудбал во населбите Точила, Тризла, Гоце Делчев, кај градскиот базен и во Варош.
Во областа на здравството ветуваат основање на Фондација за деца со ретки болести, за во областа на земјоделието ветуваат доделување на бесплатни парцели за расади, како и субвенционирање за скелиња за тутун за секој тутунопроизводител.