Утрово Илинденските коњаници од Кичево и од Бигорски манастир пристигнаа во селото Белица, каде мештаните им приредија топло добредојде.
Коњаниците одморија и седнаа на заеднички ручек, а претходно во еден глас ја отпеаа државната химна.
Потоа го продолжија својот пат кон славното Крушево, каде се очекува да пристигнат на централната прослава на Илинден.