Попладнево неочекувано оставка поднесе премиерот на Косово Рамуш Харадинај.
Во неговото обраќање тој порача:
„Го враќам мандатот на народот, а вас прво ве информирам за тоа. Владата ќе продолжи да ги извршува функциите за да не се создава вакуум, официјално ќе ги известува сите релевантни институции и секогап ќе биде верна на татковината. Оставката е неотповиклива“.
Харадинај ја отфрла идејата за разграчничување е се спротиставува и на укинување на таксите за српските производи.
Дописникот на српската РТС од Косово јавува дека Харадинај добил повик да oдгoвapa пред Хаг.