Koсоварите ги исмеваат одлуките на својата влада: Се појави комично видео од шверц на српски производи – “Плазма” се продава за неколку илјади евра (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од двајца Албанци кои “дилаат” српски производи. Тие се наоѓаат надвор од градот, а еден од нив скришно му дава пари на другиот, а потоа го отвараат гепекот на автомобилот.

Видеото прикажува бунт, но и исмејување на одлуките на власта да ги подигне даноците за српските производи.

На видеото се гледа како еден од актерите продава Плазма кекси за огромна сума пари.

Очигледно е дека и тие се навикнати на српските производи и дека тие на овој или оној начин ќе пристигнуваат на Косово, без оглед на мерките за подигање на даноците кои Приштина ги воведе кон Србија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.