На 28.07.2021/ среда/ од 19.00 ч. во фоајето” на НУЦК “Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи концерт „Музички вибрации“ на “Македонски квартет труби”.
Квартетот е составен од четворица дипломирани трубачи на Факултетот за музичка уметност во Скопје од кои двајца се и магистри по труба. (Бојан Митрески од Прилеп и Стојанче Косовски, Гоце Цоневски и Васко Рошков).
Концертот „Музички вибрации“ е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата од областа на музичко-сценска дејност за 2021 година. На концертот ке бидат изведени композиции од повеќе светски автори, како и две народни песни.