На четврти август со почеток во 21 часот, на камената бина на плоштадот “Александрија” во Прилеп, концерт ќе одржи групата “Чалгија саунд систем”.
Концертот е во организација на Центарот за култура “Maрко Цепенков” и е во рамките на манифестацијата “Прилепско културно лето”.
Создадена во 2008 година групата “Чалгија саунд систем” има за цел да го
одржи чалгискиoт израз проучувајќи го богатото наследство од мелодии и форми,
кои составот ги изведува доследно и верно на традицијата, а од друга страна,
да го земе чалгискиот израз како основа за создавање современа музика, која е
во духот на чалгиската традиција, со што на одреден начин и ја продолжува
традицијата.
Уште на самиот нејзин почеток, групата го сврти вниманието на музичките
познавачи и сладокусци на македонската музика, така што веднаш почнаа да се
редат покани и настапи на фестивали и приредби ширум Македонија.