Општина Кавадарци и ова лето го организира Кавадаречки стрит фест, кој ќе вклучи културно-музички случувања низ целиот град од 17 јуни до 16 август.
Во првата недела на фестивалот е предвидена заедничка програма со општина Ковин, Република Србија – или недела на македонско – српска култура.
-Во понеделник на самото отварање очекуваме присуство и на амбасадорката на Република Србија во Македонија г-ѓа Невена Јовановиќ, велат од општина Кавадарци.
Во првата недела од фестивалските случувања предвидени се поетски и театарски настани, а најголем интерес привлекува театарската претстава “Не се клади на енглези”.