Трудот, напорната работа и квалитетот се секогаш надалеку ценети и препознатливи.
Прилепскиот гигант од текстилната индустрија, конфекција “Кули”, деновиве ги презентира своите производи на реномираниот и светски познат саем “Premiere Vision” во Париз.
Саемот во француската престолнина е најпознатиот саем за материјали, кожа, дизајн, помошни материјали и производство, а го привлекува вниманието на повеќе од 60.000 посетители.
Конфекција “Кули” oд Прилеп е еден од присутните 2.000 излагачи на саемот, при што во наредните 3 дена на посетителите на саемот ќе им понуди врвен квалитет, елеганција и грациозност.
Саемот во Париз се одржува во 6 големи хали, а за прилепската конфекција значи виза за издигнување во Европски бренд.