Koнкурентите победија – Победа одново во незавидна позиција!

32-то коло во македонската Прва фудбалска лига донесе интересни резултати. И додека трката околу шампионот е решена, а речиси и за второто и третото место е извесно, интересно е на дното на табелата каде Пелистер, Скопје и Победа водат жилава битка за местото кое носи плеј-аут натпревар.

Победа попладнево загуби кај Академија Пандев со 1:0, конкурентите Скопје и Пелистер триумфираа.

Пелистер со 3:2 беше подобар од Ренова на домашен терен, а Скопје со 0:1 освои три бода кај Вардар.

Овие резултати одново во неизвесна положба ги ставија прилепчани кои изминатиот викенд со триумфот над Шкендија избегаа со 4 бода, а сега одново се на само плус 1.

На црвено-белите не им оди во прилог и тоа што Пелистер има натпревар помалку.

Победа после ова коло останува на 8-то место на табелата, а опстанокот останува да се обезбеди во преостанатите 4 кола.

Прилепчани до крајот играат со Работнички на гости, Силекс како домаќини, Скопје на гости и со Ренова како домаќини.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.