Црвено-белите од Прилеп конечно врзаа две победи по ред. По триумфот над Вардар од Неготино, победашите вчера на градскиот стадион “Гоце Делчев” ја совладаа екипата на Новаци. Резултатот минимален 1:0, но бодовите повеќе од вредни.
За триумф на прилепчани вчера стрелаше Давид Јошески во 84-та минута, погодок кој предизвика огромна радост кај публиката.
Ова беше и втор лигашки триумф за новиот тренер Дунимаглоски, под чие водство Победа конечно почна да реди успеси.
Со новите 3 бода, победашите се искачија на десеттото место на табелата, а во наредното коло гостуваат кај САСА.