Не е ништо ново снегот да претставува проблем за надлежните во Македонија, па често како што умеат да кажат граѓаните ги изненадува, иако сме месец јануари, кога оваа природна појава не треба воопшто да не зачудува.
Викендов како и најголемиот дел од државата, и Прилеп беше зафатен од снежни врнежи, а од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” побрзаа да се пофалат дека успешно се справиле со чистење на јавните површини. Но, граѓаните не мислат така.
Тие главно им замеруваат на комуналците што чистат по една патека низ плоштадите, па останатиот дел стои под снег и мраз.
-Само што ја кренав една жена што падна кај Т-мобиле. Не ми е јасно зошто кога се чисти шеталиште се чисти само една трака, а се чисти со багерче ?
1. Се штеди на гориво?
2. Тој што го возел багерчето е неписмен или тој што му ја дал задачата ?
Една скршеница невреди за еден литар нафта – напиша еден наш сограѓанин утрово на социјалните мрежи, кој објави и фотографии од плоштадот “Методија Андонов – Ченто”.