Врз основа на член 43 од Статутот на Општина Прилеп (“Службен гласник на Општина Прилеп” бр.6/2003, 4/2005, 11/2008, 9/2019, 5/2021 и 3/2023) и член 4 од Одлуката за востановување на општински награди и признанија број 08-1281/5 од 03.10.1997 година, Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, на седницата одржана на ден 27.10.2025 година, донесе: ОДЛУКА за доделување на награди и признанија по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп
Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, се доделува на:
• Рубенс Корубин – основоположник на нео-романтизмот во светски рамки
• Јове Магдески (постхумно) – особен придонес за фудбалот во Прилеп
Награди -плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат на:
• МИКРОСАМ ПРИЛЕП – 35 (триесет и пет) години постоење
• Народен театар ,,Војдан Чернодрински’’-Прилеп- 75 (седумдесет и пет) години постоење
• НВО ,,Hand Till Hand’’-Кралство Шведска – хуман и општествен ангажман во здравствената заштита
• Интеракт клуб Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп – млади ентузијасти со вреднување на солидарност и хуманост
• Здружение на граѓани ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ФЕНИКС – јубилејно постоење од 10 (десет) години
Награди -дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
• Елизабета Митреска – за особен придонес во новинарството
• Петре Кироваков – поет и активист во Здружението на протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија
• д-р Биљана Консулоска Гвероска – автор на научни публикации од областа на земјоделството, акроекологијата и тутунопроизводството
• Владимир Ѓорѓиески – репрезентативец на Македонија во билијард
























