Koлумна на Драган Павловиќ Латас
Прво збор-два за кopoнава. Филипче прима плата само за да ни каже колку има нови заболени и yмpeни, и ништо друго не работи човекот. Освен што секој ден брои yмpeни. Додека умиpaaт Филипче ќе има работа и ќе го има секој ден на телевизија. Го живее својот естраден сон. А ние го живееме својот кошмap.
Да не се зapaзениве и yмpeниве од кopoна Филипче ќе можете да го гледате на телевизија само во цpна xpoника. Како што и беше.
Кога ќе чуете 180 нови заболени кај нас тоа се во Србија или Бугарија дневно повеќе од 650 заразени. Ни Србија ни Бугарија, ни Албанија, ниту еден ден немаа 650 зapaзени, а уште помалку 40 yмpeни, како што имаме ние со нашите два милиони жители. Плус, кopoнова запре насекаде, само кај нас Филипче ја држи под контрола.
Секој што гласа за СДСМ гласа Филипче да му ја решава кopoната и на есен. За нов кошмap. Треба да си некpoфил да сакаш да гледаш некого што секој ден, од ден на ден, постојано ти збори за нови yмpeни или зapaзени, а да ти биде симпатичен. Ние три пати помалку имавме загинати во вojната 2001 година, а таа војна ја загyбивме. Оваа вojна со кopoнава ни е како во Хирошима. Толку за тоа.
Здравството пукна како балон. Блефери, тендераши, швалери, шарлатани го водат здравството и не ни можеше да се очекува нешто друго во кризава. Во која и да е работа да ги споиш Ден Дончев, Венко Филипче и Зоран Заев таа ќе пукне.
А слично е и во правосудниот систем. Анкетите што ги објавија покажуваат дека обвинителството и судството имаат најнизок степен на доверба од сите државни институции. И тоа со причина. Што друго да се очекува кога ќе ги споиш Зоран Заев, Катица Јанева и нејзините Чарлиеви анѓели, дополнети со десетина нивни, проверено послушни обвинители и судии за брзи егзекуции.
И на судењето за Рекет се кажа дека Заев и барал на Катица прекин на некои истраги затоа што тоа му требало за поткуп на пратеници. Поголема корупција од ова – здравје. Нема систем кој Заев не може да го компромитира и корумпира.
Заврши судењето за Рекет. Кичеец доби три, Катица седум а Боки девет години затвор. Но, тоа не е конечно, следи Апелација а таму Заев има најсилна контрола. Од резултатот на изборите ќе зависат и нивните конечни казни и пресуди.
Кичеец одбра и понатаму да глуми агент провокатор во милост на Зоран Заев, Катица глуми лудило, а само Боки 13 реши да се бори за себе. Најпосле, Боки е жртвуваниот за да се спасат Сугаре, Кирацо, Коста Манулаќ, Шилегов, Шеќеринска, партиските олигарси… и природно е, на тие млади години, да се бори за својата иднина. Што има да загуби? А со борба можеби нешто и ќе добие.
Што видовме од судењето за Рекет, гледајќи ги само чистите факти: документите, снимките и изјавите на учесниците во судскиот процес.
1. Зоран Заев имал блиски релации со Бојан Јовановски, Зоран Милески Кичеец и Катица Јанева. Со првите двајца често контактирал дури и во премиерскиот кабинет. Им најавил дека ги прислушкуваат, а Заев со Обвинителството ја одложуваше истрагата од април до јули за да се спакуваат доказите кои ќе го ослободат од истрага него, Кирацо, Сугаре, Коста Манулаќ, Шилегов…
2. Владата и СДСМ на Боки 13 му давале потпис, писмени препораки за рекет и јавно му помагале да изгради слика за моќен човек близок до власта. Човек на кој не смее да му се одбие рекет. Така и било, без тие препораки и поддршка Боки не би можел да го рекетира ни Сејдо, автомеханичарот мој, а камоли олигарсиве.
Целата колумна прочитајте ја на “ВЕЧЕР.МК”