Koлумна на Маја Славева за “Денешен.мк”: Блесава и налудничава Македонијо, Среќна Нова Година!

Не се чудете за насловот, па самиот премиер така не’ нарекува. Да не се правиме блесави и налудничави, влеговме во новата година. Лизгачки, со една голема опашка од државни проблеми позади нас, па што даде Господ тоа.

Како се чувствувате Македонци? Чувствувате ли нешто? Или од толку пропаганда оваа година ја достигнаа целта која им беше зацртана, да не’ замолкнат, потиштат, условно кажано и умрат одвнатре за веќе да престанеме да зборуваме за болката и да ја потиснуваме.

Дали знаете дека ниедна македонска владејачка гарнитура олку го нема навредувано македонскиот народ, а величано сите останати народи?

Ниедна власт, партија, коалиција, лидер, министри го немаат толку отупено македонскиот народ! Отупено до граница да не чувствува. Апатичен и тажен. Чиста депресивна македонска реалност.

Од лични навреди на говорница кон пратеници, лажни ветувања, Тиранска платформа, менување име, менување Устав, премолчување на содржината на Преспанскиот договор, го нарекуваа македонскиот народ искомплексиран, не го испочитуваа референдумот, ни’ се случуваа убиства на секој чекор, ни’ покачуваа даноци без ниедни капитални инвестиции, се прислушуваа обвинители!

Ја напуштија дијаспората, се откажаа од Македонците надвор од Македонија! Од децата на војните, од сираците, од заборавените Македончиња кои никогаш не ја заборавија Македонија.

Судските процеси личат на сценарио од Игра на троновите, тркајќи се кој ќе биде најинспиративен во тие политички прогони на политичките неистомисленици.

Градоначалници навредуваат советници на седници на Совет. Нема дебата повеќе, не постои. Или ќе мислиме како нив, или ќе се соочиме со последиците од навреди, казни, затвори.

На онаа пратеничкана која рече дека сиромашните нема да бидат погодени од цената на дизелот оти немале автомобили, која зема 11.376 евра за патни трошоци, би и’ препорачала да проба да вози велосипед. Со најдобри желби за здравје.

Синот нејзин не’ навреди, рече дека по улиците на Скопје има „хибернирани кретени“ и народот кој излегува на протест е „излеана фекална канализација“. Можно е дечкото да има аспирации да работи во Водовод и канализација. Не му се мешаме во желбите, којзнае Фројд што би рекол на тоа скриено значење во неговите изјави, така баш некултурно, ама со сласт.

Навреди кон спортисти нарекувајќи ги ментално нестабилни, со навреди кон нивната игра на терен, од човек кој е советник за мултикултура на премиерот. МУЛТИКУЛТУРА! Оксиморон, Македонци. Мултикултурец изразува погана некултура.

Е, со ваква власт влеговме во 2019-тава. И уште има, ова е малку, но е сублимат за потсетување.

За следниот пат памет у глава, народе мој настрадан. За наредни избори, одберете го искуството, а не празните ветувања од Утопија.

Среќна Нова Година, убав мој Македонски народе! Ако се држиме заедно, никој ништо не ни може годинава!

Извор: “www.denesen.mk”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.