Прилепската Стара чаршија минатата среда доживеа целосна ренесанса. Десетгодишниот јубилеј од првиот настап на музичкиот бенд “Тhe Hounds” предизвика земјотрес и ги крена прилепчани на нозе.
Рок музика, скокање, уживање, емоции и љубов на сите страни… вака некако може да се опише концертот на “Тhe Hounds” на кој присутни беа гости од сите генерации.
Фотографот Филип Перески направи одлична видео компилација од целиот настап на “Тhe Hounds” во 60-тина секунди.
Видеото покажува колку убав знае да биде Прилеп и колку убава може да биде прилепската Стара чаршија.
Уживајте!