И покрај тоа што е кандидат за градоначалник на општина Прилеп, и покрај секојдневните активности и средби со граѓани, не ги остава своите пациенти.
Д-р Борче Јовчески речиси секојдневно им помага на пациентите во неговата ординација, која важи за една од најдобрите во регионот.
Кога се сака, се’ се може, вели тој и додава дека му е мило што наоѓа време за неговите драги пациенти.
Граѓаните кои го познаваат велат дека и кога би станал градоначалник на една од најголемите општини во Македонија, тој нема да заборави на нивните маки, ниту на здравствените, ниту на нивните секојдневни проблеми.