Проректорот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” од Битола, д-р Марјан Ѓуровски, оствари средба со Генералниот извршен директор на АД „Витаминка” – Прилеп, м-р Сашо Наумовски.
– Состанокот беше во функција на воспоставување на поинтензивна соработка на високото образование, односно УКЛО со бизнис заедницата.
Се разговараше за воспотавување на механизми за поинтензивна соработка на Универзитетот и единиците со ова најзначајна прехранбена индустрија во земјата.
Во престојниот период ќе бидат разгледани можностите за изнаоѓање на нови форми за поблиска соработка, а во иднина студентите од УКЛО својата пракса согласно студиската програма може да ја поминат во „Витаминка” АД Прилеп – информираат од Универзитетот.