Несекојдневна ситуација се случи синоќа на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп. Автомобил кој најверојатно бил паркиран во лер, слегол на коловозот.
Притоа полицијата била приморана да интервенира, а според она што го дознаваме припадниците на МВР ја турнале колата на обележаното паркинг место.
За среќа не дошло до несакани последици во моментот кога возилото се пуштило само на булеварот.