Една од најпосакуваните Русинки, 34-годишната Анастасија Потањина се омажи за десет години помладиот Артем Кручин.
Свадбата која се одржала во хотелот “Кап-Еден-Рок” на Азурниот брег, била и повеќе од раскошна, што не зачудува ако се земе во предвид дека Анастасија е дете на руски милијардер тежок 15 милијарди евра.
Владимир Потанин сыграл свадьбу дочери за $10 млн https://t.co/eE1vhRQ5X4 pic.twitter.com/tpfdXNMS1d
— Ukranews.life (@Ukranews_life) August 22, 2018
Анастасија е најстарата ќерка на 57-годишниот олигарх Владимир Потањин.
Нејзината мајка Наталија веќе 4 години по руските судови бара од поранешниот сопруг алиментација од 13 милиони евра, а се предвидува дека судската битка може да продолжи по некои од лондонските судови.
Руската наследничка е поранешен првак во аквабајк и сопственичка на галерија за современа уметност во Москва. Нејзиниот синокос сопруг е аматерски танчер кој тврди дека на настапите ја претставува Британија.
Се работи за учител по танц кој наплаќа по 20 евра за 45 минути лекција. Јасно е дека неговиот начин на живот и тоа како се разликувал од оној на неговата избраничка.
“Танцувам од мојата 16-та година. Имам 6 години работно искуство со апсолутно различни луѓе. Тренирам групи, држам приватни часови, тренирам за натпреварување и ги подучувам помладите”, пишува тој на својата страница.
Владимир Потањин е 56-ти најбогат човек на светот, а близок е и со Владимир Путин. Јахтата која го носела името на неговата ќерка, овој месец е продадена за вртоглави 70 милиони евра.
Од нејзината мајка се развел после 31 година брак, наводно поради тоа што ја изневерувал со 15 години помлада жена, со која добил и дете. Анастасија после разводот останала блиска со нејзиниот татко, додека нејзиниот брат застанал на страната на мајка и’.
Оказывается свадьбу Анастасии Потаниной (34года) и Артема Кручина(24года) в 5-звездном Du Cap-Eden-Roc на Лазурном берегу вёл Ваня Ургант.
Затраты оценивают в $10 млн. pic.twitter.com/Y2AFm3v0by— Константин Дип (@deeeeep_z) August 24, 2018
За тоа колку била раскошна свадбата на Анастасија, докажува тоа што, церемонијата ја водел познатиот водител и комичар Иван Ургант, а пеел познатиот музичар Леонид Агутин. Забавата завршила со огномет, кој според описот на гостите бил чудесен.