Компанијата “Комфи Ангел” е вистински пример за тоа како се работи на општествено одговорен план, како континуирано се остварува големо производство со висок квалитет и пласман на пазарот, но и најважно како се мотивираат работниците.
Вчера во “Koмфи Ангел” традиционално се одржа состанок на сите вработени. На состанокот Ирена Јакимовска, директорка на компанијата им соопшти на вработените кои во фирмата имаат стаж повеќе од 10 години – моментално 121 вработен, дека почнувајќи од наредниот месец, ќе им се исплати јубилејна награда во висина на просечната плата во Македонија, која моментално изнесува 22.514 денари.
Исто така по седумнаесетти пат се одржа и лотарија, која овој месец ја усреќи Велеска Наташа.
Секоја чест!